ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние сме свесни дека заштитата на личните податоци е основно право на секој поединец. Во SIQ Љубљана (во понатамошниот текст: оператор) ја цениме приватноста, па внимателно ги заштитуваме вашите податоци.

 

Со пријавувањето за новости за SIQ и/или известувањето за образование и обука, вие потврдувате дека сте запознаени со општите услови дека личните податоци се вистинити и точни и дека дозволите SIQ како оператор да ги обработи личните податоци за целите за кои биле собрани.

Како оператор на вашите лични податоци се обврзуваме да ги процесираме во согласност со законот со кој се уредува заштитата на личните податоци и европските барања за заштита на личните податоци.

1.      ПОДАТОЦИ КОИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ

SIQ НОВОСТИ

-        Испраќање на електронски пораки

Електронските новости се изведуваат со цел да се пренесат тековните активности во SIQ. За спроведување на ова, ни требаат следниве податоци: вашето име, презиме, e-mail адреса, IP адреса, датум и време на регистрација, име на организацијата (не е задолжително) и работното место (не е задолжително).

Ние ќе ги користиме вашите податоци за да испраќаме електронски пораки се додека не ја повлечете согласноста.

-        Испраќање по класична пошта (SIQ Извештај)

Целта на испраќањето на SIQ  Извештај е известување за спроведувањето на активностите и резултатите на заводот SIQ. За изведување на ова, ни се потребни следните податоци: вашето име, презиме, име на организацијата, адреса на организацијата (улица, поштенски код, место, држава), вашата e-mail адреса (не е задолжително).

Ние ќе ги користиме вашите податоци за да испраќаме по класична пошта се додека не ја повлечете согласноста.

ИСПРАЌАЊЕ НА ИЗВЕСТУВАЊА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Целта е да се информираат поединци за претстојните курсеви за образование и обука и семинари на поединечни оддели на SIQ во кои учествува поединецот. За да го изведеме ова, ни се потребни следните податоци: вашето име, презиме, e-mail адреса, IP адреса, датум и време на регистрација, име на организацијата и работното место (не е задолжително) на поединецот.

Ние ќе ги користиме вашите податоци за да испраќаме електронски известувања за образование и обука се додека не ја повлечете согласноста.

АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

-        Аплицирање за образование

Целта на апликацијата за образование е изведување на образованието, докажување на присуство на образованието, издавање на сметка и известувања во врска со предметното образование.

За да ја пополните апликацијата за образование од поединецот ни требаат следните податоци: име и презиме, работно место, име на организација, адреса на организацијата (улица, поштенски код, место, држава), ИД бр. за ДДВ на организацијата, e-mail адреса, телефонски број, информации за ДДВ обврзник (не е задолжително), факс бр. (не е задолжително)

-        Аплицирање за известување за образование

Поединец може да аплицира за известувања за избраните курсеви при аплицирањето за образование или директно на веб страната на SIQ. Со цел да ги проучиме потребите на целниот пазар и информациите за понудите, ги класифицираме поединците според нивниот изразен интерес.

Поединец може сам да го избере видот на образование за кое сака да биде известуван.

-        Апликација за образование за затворена група (образец)

Преку образецот ги добиваме податоците за контакт на лице од организација која сака да спроведе одредено образование за затворена група. Од поединецот кој што го пријавува тоа ги добиваме следните податоци: име, презиме, e-mail адреса (не е задолжително), телефонски бр. и името на организацијата.

2.      ПРАВА НА ПОЕДИНЕЦОТ

Поединец има право во секое време да побара промена, дополнување, бришење или ограничување на обработката на неговите лични податоци со испраќање на електронска пошта до операторот на gdpr@siq.si.

Исто така, поединецот има право преку електронска пошта од операторот да добие потврда дали неговите личните податоци се обработени.

Поединец кој не сака да добива вести од SIQ и/или да биде известен за образование или обука во печатена или електронска форма, од овие активности можат да се одјават на следните начини:

-        одјавување директно со кликање на „одјава", лоцирано во подножјето на секоја таква електронска порака;

-        со испраќање на барање на gdpr@siq.si.

Доколку поединец смета дека дошло до кршење на заштитата на личните податоци, тој може да го пријави ова до надзорниот орган (Овластениот за информации).

Доколку операторот користи лични податоци за поинаква намена од онаа за која што биле собирани, тој мора да го извести поединецот и да добие нова согласност од него.

3.      ЗАШТИТА И ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Операторот ги штити сите лични податоци во согласност со политиките за заштита на личните податоци и барањата за заштита на личните податоци утврдени со законодавството на Република Словенија и прописите на Европската унија.

Заштитата на личните податоци опфаќа правни, организациски и релевантни логичко-технички постапки и мерки со кои се обезбедува:

·        заштита на простории, уреди и системски софтвер;

·        безбедноста на апликативниот софтвер за обработка на лични податоци;

·        безбедност при посредувањето и пренос на лични податоци;

·        оневозможување на пристап на неовластени лица до информативните средства на кои се обработуваат личните податоци и збирките од лични податоци;

·        спроведување на процедури за редовно тестирање, оценување и вреднување на ефективноста на техничките и организациските мерки за да се осигури безбедноста при обработката;

·        можноста навремено да се врати достапноста и пристапот до личните податоци во случај на физички или технички инцидент.

Поединецот е свесен и се согласува операторот ги чува личните податоци кои поединецот ги обезбедил онолку времето колку што е наведено во делот „Податоци што ги обработуваме" од овој документ. Другите податоци може да ги чува операторот само додека е строго неопходно за да се постигне целта за која се собрани податоците, а потоа трајно да се избришат или анонимизираат, така што наведените податоци повеќе не можат да се поврзат со одредено лице.

4.      ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТА

Операторот не е одговорен за штетата која би му се случила на поединецот, доколку тој му обезбедил на операторот погрешни, лажни, нецелосни или застарени податоци во врска со поединецот.

Операторот е одговорен за штетата предизвикана од обработката само кога не ги исполнува обврските што се бараат со Општата регулатива за заштита на личните податоци или законодавството со кое се уредува заштитата на личните податоци или кога постапува спротивно на одредбите на овој закон. Операторот е ослободен од одговорност доколку докаже дека тој во никој случај не е одговорен за настанот што ја предизвикал штетата.

5.      ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ СО ОПЕРАТОРОТ

На сите дополнителни прашања во врска со обработката на личните податоци ќе ни биде задоволство да ви одговориме на SIQ Љубљана.

Прашањата може да ги испратите на:

SIQ ЉУБЉАНА
Тржашка цеста 2, 1000 Љубљана
gdpr@siq.si, 00 386 1 4778 100