Претставување

Систем за управување со безбедност и здравје при работа

Безбедноста и здравјето при работа како дел од работењето

Вработените сме најзначаен дел од секоја организација. Затоа е значајно како при изведувањето на работните операции се чувствуваме. Работата може да има позитивно или негативно влијание на нашето здравје. Ако работиме работа што не радува и во која гледаме остварување на нашата мисија, и при тоа не сме изложени на штетни влијанија, нашето здравје ќе остане неповредено.

Главни причини, кои ги мотивираат организациите посебно внимание да издвојат за безбедноста и здравјето при работа, се законските барања, етичките и економските причини, задоволството на вработените и угледот на организацијата.

Значење на системот за управување со безбедноста и здравјето при работа

Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како што го определува стандардот BS OHSAS 18001, смисловно се дополнува со законските барања. Законските барања се надополнуваат со дополнителни, кои во поголем дел ја одразуваат желбата за подобрување на ефикасноста на работењето. Го нагласува пред се превентивното делување и пропишува редовни мерки кои овозможуваат целосен преглед на подрачјето за безбедност и здравје при работа.

Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, можеме да го разбереме како збир на искуства на најдобрите, водечки организации во светот, кои сакаат ефикасно и успешно подобрување на безбедноста и здравјето на вработените. Најдобро е да го разбереме како дел од целосниот систем за управување. Предноста на таквиот пристап во споредба со досегашниот за најдобро уважување на законските барања на подрачјето за безбедност и здравје при работа е и тоа што истиот се темели на интересот на организацијата да го подобри своето работење.

Сертификациска постапка

Сертификациската постапка ја започнуваме со сертификациска проверка, со која го констатираме исполнувањето на барањата на стандардот BS OHSAS 18001 и ја изведуваме во два дела.

Во првиот дел ја оценуваме документацијата и ја оценуваме воспоставеноста на системот за управување со безбедноста и здравјето при работа.

Во вториот дел ја оценуваме воспоставеноста, изведувањето и ефикасноста на системот за управување со безбедноста и здравјето при работа. На основа на констатациите од сертификациската проверка, Комисијата за сертифицирање на системи за управување решава за доделување на сертификатот.

Доделениот сертификат има важност од три години, а со годишни проверки се проверува соодветноста на изведувањето, одржувањето и подобрувањето на системот за управувањето со безбедноста и здравјето при работа. По три години изведуваме обновителна проверка, која го заклучува тригодишниот период и доколку констатираме соодветност на системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, Комисијата за сертифицирање донесува одлука за доделување на ново издание на сертификатот.

Интеграција на системот за управување со безбедноста и здравјето при работа со другите системи за управување

Заради употребата на еднакви начела на управување за различни аспекти од работењето на организацијата, се почесто зборуваме за интегрирани системи на управување. Посебно ако се работи за BS OHSAS 18001, како најуважен стандард на системи за управување со безбедноста и здравјето при работа, потребно е да се нагласи идентичноста на структурата на стандардот со стандардот ISO 14001. И двата се содржински поврзани, така да има смисла да се разгледуваат како една целина. Кога се здружени и разгледувани како еден систем за управување, нема потреба да се размислува каде завршува „животната средина“ и каде почнува „безбедноста и здравјето“. Вклучувањето на аспектите за безбедност и здравје при работа во интегриран систем на управување, содржински го дополнува системот и подобрува.