Најчести прашања

Какви се очекуваните резултати од акредитираното сертифицирање ?

Одговор на ова прашање понуден е во две брошури, кои ги издало Меѓународното здружение на акредитираните органи (IAF).  Содржината опфаќа збирен извештај на IAF и Меѓународната организација за стандардизација (ISO) за резултатите кои е можно да се очекуват од акредитраните сертифицирања по стандардите ISO 9001 и ISO 14001.

(Expected Outcomes for Accredited Certification to ISO 14001 (брошура IAF)

Дали за добивање на сертификат постојат било какви ограничувања во поглед на големината на организацијата ?

Ограничувања во поглед на големината на организацијата за добивање на сертификат нема. Сертификат може да добијат исто така и организациите со еден вработен. Мораме да имаме на знаење, дека системите за управување кои се предмет на сертифицирање, мораат да бидат воспоставени во организациите со еден вработен исто како што се воспоставени и во организациите со повеќе илјади вработени.  

Дали мора секоја организација за да добие сертификат да ги исполни сите барања на стандардот ?

Начелно да, сепак стандардот дозволува некои исклучоци, кои ги именува како дозволени исклучувања. Сепак тие исклучувања не се зависни од желбата на организацијата, туку од тоа, дали организацијата поедини работи реално ги изведува. Дали организацијата оправдано поединечните рабити ги исклучила, оценуваат проверувачите во текот на проверката во организацијата, откога ќе ги проучат сите причини, заради кои организацијата сака исклучувањата да и се уважат. 

Кога организацијата може да го изгуби сертификатот ?

Oрганизацијата го губи сертификатот, ако веќе не ги исполнува сите барања на стандардот и тоа сертификацискиот орган го проверува еднаш годишно. Доколку констатираме, да организацијата барањата на стандардот не ги исполнува веќе, за тоа е свесна и на тоа не се обврзува и исто не намерава веќе да ги исполнува, доаѓа до договорно укинување на сертификатот.

Посебен пример пак се јавува, кога некоја од странките на сертифицираната организација бара одземање на сертификатот. Тука често настануваат тешкотии, затоа што странките најчесто не ја разбираат содржината на сертификатот. Сертификатот, имено се однесува на барањата за системот за управување со квалитет, кои се точно определени, и за неисплнување на тие барања оправдано се одзема сертификатот. Многу други причини пак сами по себе не мораат да бидат причина за одземање на сертификатот.