BS OHSAS 18001 Системи за управување со безбедноста и здравјето при работа

Безбедноста и здравјето при работа како дел од работењето

Вработените сме најзначаен дел во секоја организација. Затоа е многи значајно, како помеѓу работните операции физички и душевно се чувствуваме, затоа што има работа која може позитивно или негативно да влијае на нашето здравје. 

Ако човекот работи работа која го развеселува и во која гледа остварување на својата корист, и при тоа не е изложен на претерани штетни влијанија, може неговото здравје да остане ненарушено или во целост да се подобри. 

Главни причини, кои ја мотивираат организацијата, за да на безбедноста и здравјето при работа  му се придава примерно внимание, се законодавството, етичките и економските причини, задоволството на вработените и угледот на организацијата.