Системи за управување со безбедноста на храната

ISO 22000:2005 – Систем за управување со безбедноста на храната

Меѓународната организација за стандардизација  (ISO) во  2005 година го издала стандардот ISO22000:2005 - Систем за управување со безбедноста на храната – барања за секоја организација во прехранбениот синџир. Истиот претставува решение за поврзување на сите стандарди за обезбедување на безбедност на храната кои во моментот се меѓународно признати. 

ISO 22000:2005 ги здружува сите барања за системот HACCP по Кодекс Алиментариус - Codex Alimentariusu, а покрај нив уште и правилата за добрата производна пракса и добрата хигиенска пракса, следливоста и означувањето на храната. Стандардот е употреблив во сите фази на прехранбениот синџир. Организациите, кои во своите деловни системи имаат вградено и  било кој од ISO стандардите (ISO 9001, ISO 14001,..) или исто така сертифициран HACCP систем, ќе можат полесно да добијат сертификаат ISO 22000:2005. 

Food Safety Management Systems

Значајност на системот HACCP

Сознанието за значајноста на безбедната храна за здравјето на луѓето расте како во светот така и кај нас. Секој носител на прехранбена дејност е должен да се грижи за безбедноста и квалитетот на своите производи и услуги. 

Како најуспешна метода за обезбедување на безбедноста на храната во целиот прехранбен синџир од производство на суровина до крајниот корисник, се покажал системот HACCP (Анализа на опасности и критични контролни точки-Hazard Analysis Critical Control Points), кој се темели на прописите на меѓународниот референтен документ Codex Alimentarius (CAC/RCP 1-1969, rev.4-2003). Во Словенија и во ЕУ системот HACCP е законски пропишан, мора да го изведуваат сите носители на прехранбената дејност. 

Докажување на соодветноста со системот НАССР

Организациите ја докажуваат соодветноста на своите производи и услуги со барањата на НАССР системот со сертификат или изјава за соодветност, која им ја доделува независна институција. 

Добиениот сертификат или изјавата за соодветност укажува на тоа, дека производниот процес на организацијата бил прегледан од страна на стручно оспособен проверувач, дека стварно се изведува и дека е под постојан надзор од независна институција, која го издала цертификатот односно ја издала изјавата за соодветност.

Организацијата така посредно си создава доверба во очите на широката јавности ја зголемува својата конкурентна предност на пазарот, а исто така и при учеството на јавни повици. Покрај тоа сертификатот односно изјавата за соодветност ја потикнува организацијата кон постојано надградување и подобрување на системот во согласност со законските барања и меѓународниот референтен докумет Кодекс алименариус - Codex Alimentarius.

Во SIQ за вас ги подготвивме следните услуги за подрачјата на безбедноста на храната – системи НАССР