ISO 50001 Систем за управување со енергијата

Енергијата е еден од од најголемите предизвици на современото општество .

На побуда на бројни европски држави на 1. Јуни 2009 година издаден е самостоен европски стандард за систем за управување со енергијата EN 16001:2009, во 2011 година пак меѓународниот стандард ISO 50001:2011- Систем за управување со енергијата- Барања со упатства за употреба, кои го надополнуваат ограничениот стандард на ЕН од 2009 година. Се оценува дека меѓународниот стандард  ќе има влијание на околу 60 % на употребата на енергијата во светот.

Конечна цел на стандардот е да помага на организациите да воспостават системи и постапки, кои се потребни за подобрување на енергетската ефективност. Систематското управување на енергијата најмногу ке допринесе во намалувањето на трошоците за енергија и до намалување на емисиите на гасови кои имаат ефект на стаклена бавча. Стандардот детално ги определува барањата за систем за управување со енергијата, кои на организацијата и овозможува да развие и изведува политика и цели, кои ги почитуваат законските барања и информации за значајните енергетски аспекти. Употреблив е за сите видови и големини на организации, без оглед на географските, културните или општествени односи.

Стандардот се однесува само на дејностите, кои се под надзор на организацијата, и на организацијата и овозможува:

  • засновање на енергетска политика;
  • препознавање на значајни подрачја на употреба на енергија и подрачја за зголемување на енергетската ефикасност;
  • препознавање и измените на законските обврски и другите барања;
  • постави енергетски цели и приоритетни активности;
  • обезбеди ресурси, функции, одговорности и надлежноcти на подрачјето за управување со енергијата;
  • воспоcтави надзор, преглед и оценка на енергетските активности, за да обезбеди делување на системот за управување со енергијата, како е намерувано, и  за да се достигнат енергетските цели.
  • да се прилагоди на изменетите ситуации.

Стандардот за системи за управување со енергијата може да се употребува независно или во интеграција со останатите системи за управување. За да се олесни неговaта употреба, структурата на стандардот е cлична на структурата на стандардот ISO 14001 за систем за управување со животната средина.

Повеќе на http://www.iso.org/iso/pressrelease.htm?refid=Ref1434