ISO 9001 Системи за управување со квалитет

Што морате да знаете за стандардот ISO 9001: 2008

Стандардот ISO 9001:2008 е издаден од страна на меѓународната организација ISO (International Standardisation Organization) во 2008 година, на што ни уксжува ознаката :2008. Се работи за четвртото издавање на стандардот (првото издавање било во 1987 година), и истото  го заменило претходното од 2000 година. 

Стандардот е изграден на начелата на управувањето со квалитетот, кои денес во светот ги употребуваат успешните организации, како производните така и услужните. Затоа стандардот е збир на добрата деловна пракса и како таков претставува помош за организациите, кои сакаат да ги следат само најдобрите. 

Стандардот се концентрира пред се на успешноста на системот за управување на квалитетот при исполнувањето на барањата на купувачите. Наменет е за сите видови на организации, без оглед на големината, организираноста, производни или услужни, кои сакаат да го владеат и подобруваат своето работење и зголемуваат задоволството на своите купувачи. Стандардот е исто одлична основа за надградување со останатите системи за управување, кои ги определуваат стандардите како на пример, ISO 14001:2004, BS OHSAS 18001:2007.

Стандардот ги определува барањата за систем за управување со квалитет (Систем за управување со квалитет), работењето на раководството (Одговорност на раководството), раководењето со ресурсите (Управување на ресурси), извршувањето на основната дејност (Реализација на производ) и надзорот (Мерење, анализи и подобрување). Исполнувањето на сите барања на стандардот на организацијата му овозможува да по завршувањето на сертификациската постапка добие сертификат за систем за управување со квалитет согласно ISO 9001:2008.

Интегрирање на системот за управување со животната средина со другите системи за управување