ISO 14001 Системи за управување со животната средина

Што е систем за управување со животната средина

Системот за управување со  животната средина го опфаќа целосното владеење на аспектите на животната средина. Опфаќа како исполнувањето на законските барања така и порамнување на трошоците, ефективно искористување на ресурсите, спречување на загадување и одзив на барањата или очекувањата на деловните партнери на организацијата, сопствениците односно основачите на организацијата и останатите заинтересирани јавности. 

Насоките за систем за управување со животната средина ќе ги најдеме во стандардот ISO 14001:2004, неговата употреба пак на организацијата му помага да ги оствари начелата за заштита на животната средина на својата политика за заштита на животната средина. Така полесно ги владее евентуалните опасности за животната средина, постојано се подобрува и се прилагодува на новите барања на купувачите, пазарот, законодавството , а исто така и на напредокот на науката и технологијата. 

Корист од систематското управување при заштитата на животната средина:

  • Подобрување на методите за управување на процесите,
  • подобрување на конкуренската позиција на пазарот,
  • зголемена доверба на јавностите, странките и деловните партнери,
  • поддршка во случај на надворешен надзор, кои во организацијата може да го изведуваат управните органи, a исто така и странките,
  • системско владеење на мерките за заштита и непосредно намалување на трошоците на работењето, 
  • подобрување на работните услови.

Главни чекори при воспоставување на системот

  • одлучување на раководството
  • почетен преглед на животната средина
  • запознавање со стандардите ISO 14004 in ISO 14001 
  • план за воспoставување на системот 
  • препознавање на значајните аспекти на животната средина и законските барања 
  • определување на политика за животната средина 
  • определување на цели за животната средина и програми за достигање на целите 
  • препознавање на заинтересираните страни 
  • развој на начини за комуницирање 
  • подготовка на програми за оспосoбување 
  • мерење, одржување и прегледување 
  • натамошно подобрување.