Информациски технологии

Информациски технологии

Проверување на информациските технологии

Во денешниот свет на електронско тргување доаѓа до сè поголема злоупотреба на податоците, па затоа нивната заштита е од клучно значење за долгорочниот успех на организацијата. Најдобро е да се спречат можностите за злоупотреби, и тоа со соодветни безбедни пристапи до податоци и услуги внатре во организацијата и до јавните услуги преку интернет. Безбедносната проверка е наменета за откривање на потенцијалните закани и слабости на вашиот информациски систем и со нив поврзаните ризици за безбедност на информациите. Ова е најефикасниот начин на проверување на актуелниот степен на безбедност, бидејќи се употребуваат исти методи, техники и алатки што во пракса ги користат хакерите. Со спроведување на безбедносната проверка ќе добиете недвосмислен одговор, дали безбедносните контроли во вашиот информациски систем се соодветни, и со тоа соодветно да го заштити работењето на вашата организација.

Со безбедносната проверка ќе добиете одговори на прашањата:

  • Дали вашиот информациски систем е правилно заштитен, за да не станете жртва на компјутерски напад?
  • Дали правилно сте ги поставиле политиките на вашата безбедносна инфраструктура, така што вашите вработени и изведувачи не може да ги заобиколат и неовластено да пристапуваат до вашите информации?
  • Дали корисниците на вашите деловни апликации навистина имаат пристап само до податоците што им се потребни?
  • Во што да вложувате средства за да ги избегнете трошоците или да ги намалите трошоците поради загуба или кражба на податоци, недејствување на услугите, кршење на законите или загуба на угледот кај клиентите?
  • Дали знаете какви се трендовите на злоупотреба на информациските системи во Словенија и во странство и какви неопходни безбедносни контроли треба да воведете?

SIQ лабораторија за кибернетска безбедност, компетентен центар за знаење

SIQ Љубљана со својата екипа на искусни стручњаци во областа на информациската безбедност спроведува целосен избор на безбедносни проверки, кои ги прилагодуваме во однос на вашите потреби. Вршиме стандардни безбедносни проверки (автоматизирани проверки на ранливост, проверки на надворешна и внатрешна безбедност) и специјализирани проверки според потребите на нарачателот (согласно со PCI DSS – ASV и QSA, безбедносна проверка на апликациите, проверка на мобилните уреди, проверка на системот за игри, проверка на изворниот код, проверка на системот SCADA, проверка на VoIP/IP телефонија, социјален инженеринг, ревизиска проверка на информацискиот систем).