Технологии за игри на среќа
Технологии за игри на среќа
Тестирање на уредите за играње
Техничките прописи ги делат уредите за играње на:
• автомати за играње (симулираат играње со карти, кругови, коцки, итн.),
• маси за играње (на пр. рулет) и
• уреди за извлекување (на пр. лотарии, томболи).
Разновидноста на овие уреди бара бројни тестни процедури од областа на механичките, електричните и други мерења, статистички тестови за да се утврди случајноста на исходите од игрите, математичка анализа на правилата на игрите и симулации на игрите за да се утврди уделот на враќања. Сите уреди за играње, исто така, мора да имаат на ефикасен начин заштитен пристап до оние склопови, што овозможуваат менување на параметрите на игрите или влијание на резултатите на игрите.
Во современите автомати за играње особено е комплексна математичката анализа на дополнителните игри („bonus“ или „feature“ game). Потребно е да се провери и оперативниот систем на автоматот за играње во сегментот на сметководствениот систем (електронски и механички бројачи), како и комуникациите со периферијата и контролно-информацискиот систем, како и правилното дејствување на уплатените и исплатените единици. Имено, системот на внатрешна дијагноза и контролирање грешки не смее да дозволува лажни добивки, губење на добиените добивки или губење на основните податоци.
Кај автоматите за играње и некои други уреди за играње, од клучно значење е анализата на програмската опрема, со која се утврдуваат системските решенија за сите поставени барања.
Уредите за играње, кои исто така се електрични производи, мора да ги исполнуваат сите пропишани барања за обезбедување електрична безбедност и електромагнетна компатибилност.
Правни барања
Иако нас како институција, која веќе има акредитација како орган за сертификација на производи, нѐ врзуваат строги барања во однос на заштита на доверливи информации, неподлежност на влијанија и недискриминаторска обработка на сите нарачки, и иако сме членки на голем број меѓународни шеми, кои имаат високи барања во однос на осигурувањето на професионална одговорност (на пр. CCA), областа на игри на среќа е толку чувствителна, што мораме со секој произведувач на уреди за играње посебно да потпишеме дополнителен договор за доверливост.
Контакт
Технологии за игри на среќа
Машера-Спасичева улица 10
SI-1000 Љубљана