Претставување

Систем за управување со животната средина

Значење на системот за управување со животната средина

Зголемената грижа за заштита на природата и здравјето на човекот, не поттикнува да посветиме повеќе внимание на влијанијата од нашата дејност, производите или услугите врз животната средина. Нашиот однос до животната средина ја креира нашата слика во јавноста, а има и одлучувачка улога и при склучувањето на различни деловни односи, исто така. Само формалното исполнување на законските барања за животната средина во еколошко освестениот свет веќе не е доволно. Доброто управување со животната средина мора да опфаќа:

  • целосно управување на аспектите на животната средина од производната или услужната дејност,
  • исполнување на законските барања,
  • нивелирање на трошоците,
  • искористување на ресурсите и
  • одзивање на барањата и очекувањата на купувачите, сопствениците и останатата заинтересирана јавност.

Таа целосна задача можеме да ја решиме со помош на системот за управување со животната средина согласно стандардот ISO 14001. Неговата употреба ни помага да ги оствариме начелата на својата политика за животна средива. На тој начин можеме да ги управуваме евентуалните опасности за животната средина, постојано да се подобруваме и прилагодуваме на новите барања.

Зошто да добиеме сертификат

Корист од систематичниот пристап при заштитата на животната средина:

  • подобрени методи за управување на процесите и владеење на процесите,
  • подобрена конкурентна положба на пазарот,
  • зголемена доверба на јавноста, купувачите и деловните партнери,
  • поддршка за евентуален надворешен надзор, кој во претпријатието го изведуваат како управните органи, така и купувачите,
  • системски владеани мерки за штедење и непосредно намалени трошоци за работа,
  • подобрување на деловните односи.

Сертификациска постапка

Сертификациската постапка ја започнуваме со сертификациска проверка, со која го констатираме исполнувањето на барањата на стандардот ISO 14001 и ја изведуваме во два дела.

Во првиот дел ја проверуваме документацијата и ја оценуваме воспоставеноста на системот за управување со животната средина. Во вториот дел ја оценуваме воспоставеноста, изведувањето и ефикасноста на системот за управување со животната средина. На основа на констатациите од сертификациската проверка, Комисијата за сертифицирање на системи за управување решава за доделувањето на сертификатот.

Доделениот сертификат има важност од три години, а со годишни проверки ја проверуваме соодветноста на изведувањето, одржувањето и подобрувањето на системот за управување со животната средина. По три години изведуваме обновителна проверка, која го заклучува тригодишниот период и доколку констатираме соодветност на системот за управување со животната средина, Комисијата за сертификација донесува одлука за доделување на ново издание на сертификатот.

Главни чекори при воспоставувањето на системот:

  • одлука на раководството,
  • почетен преглед на животната средина,
  • запознавање со стандардите ISO 14004 и ISO 14001,
  • планирање на воспоставувањето на системот,
  • препознавање на значајните аспекти за животната средина и законските барања,
  • определување на политика за животната средина,
  • определување на цели и програми за нивно достигнување,
  • препознавање на заинтересираните страни,
  • развој на начините за комуницирање,
  • подготовка на програми за обука,
  • мерења, одржување и прегледи,
  • понатамошни подобрувања.

Интеграција на системите за управување со животната средина со другите состеми за управување

Вклучувањето на клучните барања на ISO 14001 во другите системи за управување на пр. управување со квалитетот согласно ISO 9001, управување со енергијата согласно ISO 50001 и безбедност и здравје при работа согласно BS OHSAS 18001, ги дополнува овие системи и ја зголемува нивната ефикасност и успешност. Организациите, кои сакаат да бида запишани во европскиот регистер EMAS (Eco-Management and Audit Scheme), го надоградуваат својот систем за управување со животната средина и со извештај за својата успешност во областа на животната средина.