Претставување

Системи за управување со енергија

Значење на системите за управување со енергија

Ефикасното искористување на енергијата денеска е тема на многу разговори — како на подрачјето на постојан развој и општествена одговорност, така и на подрачјето на трошковна ефикасност. Алатката која на организациите им овозможува доследно и ефикасно управување со енергијата е меѓународниот стандард ISO 50001.

Воспоставувањето на систем за управување со енергијата во согласност со овој стандард на организацијата и носи бројни предности:

  • ги намалува трошоците за енергијата;
  • ја намалува емисијата на СО2;
  • поради потребата од вкључување на сите вработени, управувањето со енергијата не е зависно само до едно лице;
  • доброто управување со енергијата станува дел од секојдневното работење. Сето тоа значително придонесува за успешното работење на организацијата во целост.

Зошто да се добие сертификат

Со сертификатот организацијата на јавноста или на своите деловни партнери им докажува дека ги исполнува барањата на стандардот ISO 50001, и со тоа непосредно:

  • ја искажува својата силна посветеност према енергетската ефикасност;
  • ја зголемува својата општествена одговорност и ги поттикнува останатите да постапуваат на ист начин;
  • ја зголемува својата конкурентна предност на пазарот и на останатите јавни огласи;
  • обезбедува непристрасен и континуиран надзор на системот за управување со енергијата;
  • поттикнува непрекината надградба и подобрување на системот во согласност со меѓународно признатиот стандард ISO 50001 и актуелните законски барања.

Сертификациска постапка

Сертификациската постапка ја започнуваме со сертификациска проверка, со која констатираме исполнување на барањата на стандардот ISO 50001 и ја изведуваме во два дела.

Во првиот дел ја проверуваме документацијата и ја оценуваме воспоставеноста на системот за управување со енергијата. Во вториот дел ја оценуваме воспоставеноста, изведувањето и ефикасноста на системот за управување со енергијата. На основа на констатациите од сертификациската проверка Комисијата за сертифицирање на системи за управување решава за доделувањето на сертификатот.

Доделениот сертификат има важност од три години. Со годишни проверки ја проверуваме соодветноста на изведувањето, одржувањето и подобрувањето на системот за управување со енергијата. По три години изведуваме обновителна проверка, која го заклучува тригодишниот период и доколку констатираме соодветност на системот за управување со енергијата, Комисијата за сертифицирање на системи за управување со енергијата донесува одлука за доделување на ново издание на сертификатот.

Главни чекори при воспоставувањето на системот:

  • одлука на раководството;
  • запознавање со барањата на стандардот;
  • воспоставување на системот;
  • сертифицирање на системот;
  • изведување, одржување и преглед на системот;
  • понатамошни подобрувања.

Интеграција на системот за управување со енергијата со другите системи за управување

Заради употребата на еднакви начела за управување на различните аспекти на работењето на организацијата, се почесто зборуваме за интегрирани системи за управување. Воспоставените аспекти за управување со енергијата ги дополнуваат и подобруваат веќе воспоставените системи за управување во организацијата и на подрачјето на потрошувачката на енергијата.

Kон зголемувањетo на општествената одговорност на организацијата придонесуваат и другите стандарди:

  • управување со животната средина — ISO 14001, EMAS;
  • безбедност и здравје при работа — BS OHSAS 18001;
  • известување за постојаниот развој во согласност со насоките на GRI.